Две лица нападнале старец во скопски Аеродром

На 05.03.2018 година, околу 14,30 часот, во Полициската станица Аеродром е пријавен физички напад врз Б.С.(71) од Скопје, кој што физички бил нападнат пред својот дом од страна на две лица.

Повредениот со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза”. Полициски службеници веднаш излегле на место на настанот и се работи на целосно рачистување на случајот.