Connect with us

Македонија

За 24 часа „пајакот“ кренал 82 возила

Во текот на вчерашниот ден (05.03.2018), на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле девет сообраќајни незгоди од кои шест со телесни повреди и три со материјална штета. Во сообраќајните незгоди 11 лица се здобиле со лесни телесни повреди.

Санкционирани се 19 возачи заради возење со поголема брзина од дозволената. Од сообраќај се исклучени 12 возачи, од кои 10 од нив управувале возила пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, а двајца биле возачи почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се 12 возила од кои 10 биле со истечена важност на сообраќајната дозвола, додека две возила биле технички неисправни.

Тројца возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло. Во однос на пешаците, санкциониран се 14 пешаци кои го поминале коловозот надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 95 мандатни платни налози, додека 82 возила се подигнати со “Пајак”.

Актуелно