Connect with us

Македонија

Во кривичен рочиште за „Монструм“

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи рочиште за случајот „Монструм“ против обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро. На обвинителна клупа на минатото рочиште беа четворица обвинети, додека првообвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои има меѓународни потерници со години се во бегство во Косово.

Масакрот кај Смилковското езеро се случи на 12 април 2012 година и беа убиени пет лица. За убиствотo на доживотен затвор првично беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

По укинувањето на пресудите, Врховниот суд во декември лани ги ослободи од притвор осудените и им определи мерки на претпазливост.

Актуелно