Руски војници го контролираат повлекувањето на сириски бунтовници од Дума

Руски војници го контролираат повлекувањето на бунтовниците и членови на нивни семејства од Дума, најголем град во последната енклава на сириската опозиција во близина на Дамаск, Источна Гута.

Руското Министерство за одбрана прецизира дека 24 автобуси превезле од Дума во северозападната сириска провинција Идлиб 1.146 луѓе од кои 112 бунтовници и 1.034 нивни роднини.

За безбедноста на евакуираните се грижеле сириски полицајци под контрола на руски офицери и на Сириската арапска црвена полумесечина.