Connect with us

Македонија

ФДМ: Иако има недоречености во Законот за јазици, разочарани сме од ксенофобичната реторика

Организацијата на здружени дијаспорци, „Фроум за демократска Македонија“ го поздрави носењето на Законот за јазици, иако како што наведуваат, во него има недоречености.

„Форумот за демократска Македонијa, заедница на иселеници од Македонија, го поздравува секој чекор што оди во насока на унапредување на правата на помалите етнички заедници во Република Македонија. Оттука, го поздравуваме и донесувањето на Законот за јазиците, како продолжение на макотрпниот процес на градење инклузивно општество.Сепак, Форумот изразува загриженост околу политичката инструментализација на овој Закон од страна на целокупната политичка елита во државата. Загрижува и недореченоста на делови од законот, кои оставаат широк простор за различни интерпретации, што е чест случај и со многу други закони на Република Македонија“, стои во соопштението на ФДМ.

Од Форумот на иселениците наведуваат дека се разочарани од ксенофобичната реторика во Македонија.

„Форумот изразува длабока разочараност од нивото на јавниот дискурс околу Законот за јазиците. Со жалење забележуваме дека конструктивните дискусии за содржината и легалитетот на Законот сè повеќе паѓаат во сенка на ксенофобичниот дискурс. Како организација која е горда на своето шаренолико членство, Форумот најостро се спротивставува на ваквата ксенофобична реторика. Форумот ја користи оваа пригода повторно да апелира за нужноста од забрзано спроведување на реформските приоритети на Република Македонија“, соопштуваат од таму.

Актуелно