Connect with us

Македонија

Груевски против обвинението за „Титаник“ со шест адвокати

Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, НИкола Груевски, кој денеска со уште 20 други обвинети во случајот на СЈО „Титаник“ за изборни нерегуларности ја сефтоса новата зграда на Кривичниот суд, со себе донесе одбрана од шест адвокати.

Груевски во „Титаник ќе го бранат Донче Наков, Штерјо Зиков, Димитар Дангов, Сања Алексиќ, Боро Тасевски и Еленко Миланов.

Обвинети во овој случај се и Гордана Јанкулоска, Илија Димовски, Миле Јанакиески, Едмонд Темелко и други, но тие имаат по еден или двајца адвокати.

Актуелно