Connect with us

Македонија

Одложено рочиштето за Титаник

Се одложи рочиштето за случајот на Специјалното јавно обвинителство Титаник, во кое е обвинет поранешниот врв на ВМРО-ДПМНЕ, откако одбраната бараше увид во доказите.

Миле Јанакиески и еден од шесте адвокати на Никола Груевски побараа поголемо одложување откако судијата Осман Шабани судењето го презакажа за 12 март, бидејќи имале и други судења, па за увид им останувале само 2 дена, но судијата не отстапи од денот за новото рочиште.

Инаку, во случајот се обвинети 21 лице, односно 20 лица од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко.

Актуелно