Груевски: Членот на моето обезбедување на 27 април разговарал само со сопругата и братот

Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вели дека неговиот телохранител разговарал само со сопругата и братот на 27 април.

-Кога беше објавено дека членот на моето обезбедување имал телефонски разговор на 27 април од Виена, јас го прашав и рече дека како и секој кога оди на патување надвор, имал семејни разговори со неговите сопруга и брат и тоа e сѐ. Да имаше Д од доказ против мене немаше да бидат тука, што не значи дека и тие што ги уапсија се виновни. Објавувањето на информациите со детали од обвинението за „крвавиот четврток“ не само што е наменско, туку е и направено за да се објавуваат во фази, рече тој.

Груевски не одговори кој ја направил таквата нарачка.

– Нарачано е од тој кој има интерес да не се зборува за неговите грешки, додаде екс лидерот на опозицијата.