Ново рочиште за „Триста“

Продолжува судењето за предметот „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство, во кој е обвинет екс помошник-министерот во МВР, Ѓоко Поповски за набавката на триста возила за потребите на Министерството за внатрешни работи.

На претходното рочиште се сослушуваа сведоци кои биле вработени во МВР и биле дел од Комисијата за набавка на возилата, кои ја појаснуваа процедурата околу набавката.

Тие како и претходните сведоци, објаснуваа дека набавката била поделена на три лота, а појаснуваа и за тоа кои биле карактеристиките на возилата и за кои потреби во МВР се набавувале.

Според обвинителниот акт, Поповски со набавката го оштетил буџетот на државата за сума од 453.570 евра. Поранешниот помошник-министер според обвинението на СЈО, тендерот за купување, сервисирање и за одржување на возилата им го доделил на фирми кои немале најевтина понуда.