Connect with us

Македонија

Ќе се слушаат бомбите за уривање на Космос, рочишта и за ТНТ и Насилство во Центар

Во Кривичниот суд денеска ќе се одржат рочишта за предметите ТНТ, Труст и Насилство во Центар. На рочиштето за ТНТ ќе се слушнат 26 бомби за уривањето на комплексот на Фијат Цаноски, „Космос“.

Во ТНТ обвинети се екс премиерот Никола Груевски, екс министер за траснпорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски, градежна инспекторка од Гази Баба и тројца членови на комисијата за набавки во општината.

Според обвинението, со постапката на уривање е предизвикана штета од 16 милиони евра, а дополнително на буџетот на општина Гази Баба уште три милиони денари.

Во Кривичниот суд ќе се одржи и рочиште за предметот Труст во кој обвинети се бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ, за учество на тендер на Електрани на Македонија.

Според обвинението, тие со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.

На одвоена постапка ќе се одржи и рочиште за предметот Насилство во Центар.

Актуелно