Connect with us

Македонија

Слободата на Чавков чини 600 илјади евра

Слободата на екс министерот за внатрешни Митко Чавков чини 600 илјади евра. Толкава била вредноста на недвижниот имот кој Чавков го дал како гаранција за да излезе од притвор, велат информациите до кои дојде тв24.

Под гаранција е ставен неговиот дом, но и огромна квадратура на земјиште кое неговото семејство го поседува. Пред два дена судиите од Кривичен ја прифатија неговата гаранција и одлучија наместо притвор да му биде одземен пасошот.

И покрај одлуката на Кривичниот суд, поранешниот дикректор на БЈБ, обвинет за настаните од 27ми април се уште е зад решетки. По два дена откако скопска единица реши да го пушти да се брани од слобода, предметот денеска пристигнал во Апелација. Ќе се решава по жалба на обвинителството кое не се откажува Чавков да остане во притвор додека трае судската постапка.

Од апелација велат дека предметот е испратен на мислење во Вишото јавно обвинителство и откако ќе добијат одговор ќе одлучуваат. Чавков пред дваесетина дена излезе од притвор, по одлука на Врховниот суд, но по два дена повторно беше вратен назад. Според судот не ја почитувал мерката куќен притвор. Но, според неговото семејство Чавков одамна бил преселен од станот во кој МВР го проверувало.

Во обвинението, Митко Чавков како шеф на оперативниот штаб заедно со двајца началници за време на крвавиот четврток не издале наредби за распоредување на дополнителни полициски сили во и околу Собранието и овозможиле толпата непречено да влезе и се оствари целта на насилниот упад.

Чавков тогаш беше прв човек на БЈБ. Неговото име неретко беше актуелно во медиумите, ен само поради позициите, туку и поради големината на неговиот имот, кој растеше паралелно со напредокот во кариерата. Од анкетниот лист изминатите години можеше да се забележи дека покрај становите, Чавкови поседуваат и огромни парцели земјиште. На пример во 2012-та пријавил земјоделско земјиште од над 75 000 квадратни метри во Василево, сопственост на неговите деца, 190 000 квадрати во Куманово, градежно земјиште во Петровец. Неговиот син бил управител на две градежни фирми, кои своевремено станале концесионери на државата, склучувајки договор со министерството за економија во 2013-та година.

Извор: Тв 24

Актуелно