Connect with us

Македонија

Судот ги отфрли „бомбите“ како доказ во случаите „Тендери“, „Топлик“ и Тортура“

Кривичниот суд на барање на одбраната ги одби телефонските разговори, односно, „бомбите“ како докази во случаите „Тендери“, „Топлик“ и „Тортура“, за коишто Специјалното јавно обвинителство поднесе обвиненија.

За барањето на одбраната телефонските разговори да се издвојат од списите на предметот како доказ прибавен на незаконски начин одлучуваше Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

Во случајот „Тендери“ обвинета е министерката за култура за малверзации со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на ВМРО, од проектот „Скопје 2014“.
За случајот „Топлик“ осомничени се шест лица од министерството за транспорт и врски за изградба на „Сончев град“. „Тортура“ се однесува на апсењето на поранешниот министер за внатрешни работ, Љубе Бошкоски.

Против овие неправосилни решенија, дозволено е право на жалба во рок од 3 дена до Апелациониот суд – Скопје.

Апелација ги прифати „бомбите“ како докази за случаите „Шамарите во Центар“ и случајот „Триста“.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно