Connect with us

Спорт

Родригез сака да остане во Баерн Минхен

Фудбалерот на Реал Мадрид, Хамес Родригез, кој се наоѓа на двегодишна позајмица во Баерн Минхен, изјави дека би сакал да потпише траен договор со баварскиот клуб.

Родригез минатото лето дојде како позајмица на „Алијанц арена“, но со опција Баерн да може да го откупи за 42 милиони евра.

– Добро ми оди во Баерн, лигата е јака и стадионите секогаш се полни. Во Минхен допатував со поинакви размислувања…но сега ми е одлично и се надевам дека ќе останам, истакна колумбискиот фудбалер.

Тоj оваа сезона постигна осум голови и 13 асистенции за Баерн.

Актуелно