Connect with us

Македонија

Реконструкцијата ги „раздрма“ министрите чии имиња се најспоменувани во јавноста

Министрите чии имиња се најспоменувани во јавноста дека ќе бидат реконструирани велат да се почека уште некое време наместо да се шпекулира во јавноста за нивната смена.

Вчера, министерката за образование Рената Дескоска изјави дека очекува за две недели да бидат познати решенијата во однос на реконструкцијата на Владата што ја најави премиерот Зоран Заев.

Таа се пожали дека постојаното споменување на нејзиното име како дел од новите решенија во реконструираниот владин состав и ја отежнува работата на актуелната функција во МОН.

– Веќе трет пат ме реконструираат. Да почекаме набрзо ќе бидат познати решенијата што ќе бидат договорени. Инаку, цело време циркулирањето на моето име кога ќе се спомене реконструкција не ми го олеснува работењето во Министерството, бидејќи секогаш има една група која сака полежерно да работи и очекува дека ќе ме реконструираат. Така што, да почекаме за една недела – две, сигурно ќе се знае, рече министерката Дескоска на прашањето во врска со спомнувањето на нејзиното име како кандидат да го преземе Министерството за правда, по промоцијата на специјалното издание на Уставот на РМ на брајова азбука.

Актуелно