Connect with us

Македонија

Продолжува судењето за „Тврдина-Таргет“, ќе се одлучува за раздовена постапка за Грујевски и Бошкоски

Во кривичниот суд денеска продолжува судењето за случајот „Тврдина и Таргет“ на Специјалното јавно обвинителство во кое обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во притвор во Грција и за кои се уште се чека одговор за екстрадиција, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски.

На претходното рочиште, судот најави дека ако не бидат екстрадирани Грујевски и Бошкоски, за нив ќе биде разгледана можноста за раздвојување на постапката.

Истрагата за предметот „Тврдина“ беше отворена на 29 март 2016 година, а за предметот „Таргет“ на 17 ноември 2016 година, а поради нивната поврзаност се споени во еден предмет. Обвинението е подигнато на 30 јуни 2017 година.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Актуелно