Connect with us

Македонија

ДПА ќе влезе во владејачкото мнозиство со министерство без ресор, Гаши со култура?

ДПА на Мендух Тачи и Беса на Африм Гаши влегуваат во Влада. Ова вечерва било прецизирано по средбата на Тачи и Гаши со премиерот Зоран Заев, потврдија за Плиусинфо партиски извори.

Партиските извори откриваат само дека и ДПА и Беса добиваат по едно министерско место. ДПА на Тачи го добива министерството без ресор кое остана испразнето по изборот на Рамиз Мерко за градоначалник на Струга.

Беса на Гаши пак, го добива министерството за култура.

И двете партии ќе добијат заменик-министерски позиции, дрќавни секретари и директори но не се открива кои.

Со ова Заев ги финишира преговорите за реконструкција на Владата.

И ДПА и Беса одлуките за влез во Владата на Заев ќе треба претходно да ги потврдат во своите партиски органи.

Веќе утре во 12 часот за влез во Владата ќе решава Централното претседателство на ДПА во Тетово.

Актуелно