Бачев ќе му испрати писмо на Ципрас за да не преговара со Заев за името

Партијата на Јанко Бачев денеска во 13 часот во грчката амбасада во Скопје ќе го предаде писмото до грчкиот премиер Алексис Ципрас за причините зошто не треба да влегува во авантура со Зоран Заев на средбата во Софија за некаков договор за промена името и идентитетот.

Од Единствена Македонија велат дека Бачев преку изјава пред амбасадата ќе го сподели писмото до медиумите кое по дипломатски пат преку грчката амбасада се доставува до Ципрас.