Connect with us

Актуелно

Ибрахими од Беса на местото на Алаѓозовски, Бардул Даути од ДПА министер без ресор

Зеќирија Ибрахими од Беса ќе го замени Роберт Алаѓозовски во Министерството за култура, а Бардул Даути од ДПА ќе биде нов министер за ресор, местото кое остана испразнето откако тогашниот министер Рамиз Мерко стана градоначалник, брифираат за Ден извори од мнозинството.

Овие се новите коалициони партнери од пролетното проветрување кое премиерот Зоран Заев го најавуваше од крајот на зимата, но роковите за владината реконстукција речиси секојдневно се менуваа.

Заев претходно истакна дека во владејачкото мнозинство и во владата има место за сите парламентарни партии освен за ВМРО-ДПМНЕ. Во саботата пак, тетовското крило на Беса на Билал Касами ги прекина преговорите за влез во Владата. Претходно, премиерот Заев преговараше и со Алијансата на Албанците во Владата, но и тие преговорите немаа долг рок.

Актуелно