Димитров и Коѕијас се повлекуваат од преговори, последниот збор кај Заев и Ципрас

Министрите за внатрешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас се повлекуваат од проблемот со името, откако нивното решение го кажале на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Премиерите сега останува да го кажат името, кое како што потврдуваат извори од МНР за „Ден“, е поврзано со Крушевската Република. Сепак, Димитров и Коѕијас понатаму нема да учествуваат во измените, кои по новата средба на Заев и Ципрас ќе им бидат презентирани на политичките партии и претседателите на Македонија и Грција, а потоа предлог името во Македонија ќе оди на одлучување кај граѓаните преку референдум.

Изворите на „Ден“ додаваат дека телефонскиот разговор на Заев и Ципрас бил клучен тие да ги продолжат преговорите наместо министрите, бидејќи Димитров и Коѕијас на исцрпувачките разговори ги договориле речиси сите детали.

Тие истакнуваат дека „нон-пејперот“ е докуемнт донесен пред решението, но потоа работите ќе се сменат. Официјална потврда пак, е дека јазикот ќе остане македонски од словенско потекло, а како што премиерот Заев нагласи неколку пати, идентитетот останува македонски.

М.С.