Connect with us

Македонија

Реконструираната влада ќе ја гласаат најмалку 66 пратеници

Реконструкцијата на владата која ќе се одржи на денот на годишнината од формирањето на реформската влада предводена од премиерот Зоран Заев ќе ја гласаат 66 пратеници.

Толкав е вкупниот број на пратеници кои ги собра Заев, откако на мнозинство му се приклучуваат Амди Бајрам, крилото на Беса предводено од Африм Гаши, ДПА на Мендух Тачи и турската партија.

Во овие 66 пратеници се приклучуваат и Чедомир Саздовски, кој и официјално влезе во СДСМ, како и Панчо Минов, кој иако се уште стои како пратеник на ГРОМ, партијата на Стевчо Јакимовски, тој гласа за законите кои ги предложува мнозинството.

Според информациите на „Ден“, за реконструираната влада ќе гласаат и двајца пратеници на Социјалистичката партија на Ѕинго, Владанка Авировиќ и Стојан Миланов, иако нивната партија се уште е во официјална коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

К.С.

Актуелно