Граѓаните сметаат дека освен името, ЕУ и НАТО, владата не работи ништо друго

Граѓаните се поделени во оценката на работата на Владата во првата година од мандатот, покажува анкетата на Топ Тема на Ваша Страна која ја изработи Телевизија Телма и МЦМС во периодот од 15 до 23 мај, телефонски контактирајќи 1.052 испитаници.Еден и пол отсто е разликата меѓу оние кои и дале позитивна оценка на Владата и оние кои и доделиле негативна. Разликата меѓу испитаниците кои се целосно задоволни односно целосно незадоволни е далеку поголема. Аанкетираните одговараа и на прашањата дали Влдата на Заев ја движи земјата во позитивна или во негативна насока, кои се приоритетите на владата, а што граѓаните сакаат да работи, кои се најдобрите и најлошите министерства.

На прашањето дали ситуацијата во земјава изминатата година со работата на новата Влада се движи, во позитивна, негативна насока или останува иста речиси идентичен број на испитаници имаат дијаметрално спротивно мислење. 36,8 % одговориле негативна насока,35,1 % – позитивна насока, 22,4 %сметаат дека ситуацијата е иста а 5,7% не знаат или не сакаат да одговорат.

На прашањето „На која област Владата посвети најмногу внимание во изминатие 12 месеци?“ мнозинството граѓани одговори дека тоа е спорот за името 36,3 %, потоа се ЕУ и НАТО интеграциите со 22,4%, надворешна политика со 3,9% и зголемувањена работни места – 2,9 %

Областите економија, социјала, здравство, странски и домашни инвестиции, економски развој, образование, земјоделие – се е под 2 % во одговорите на испитаниците.

Ги прашавме граѓаните „ што е тоа што сакаат да го видат од оваа Влада?“

На прво место според дадените одговори се нови работни места со 26,8 %, екомонски развој – 25%, здравство – 9% и социјална заштита со 6,4%.

Она што е приоритет на Владата е на петто место кај граѓаните. Само 6,3 % сметаат дека треба да се посвети на името а 5,3 % на ЕУ и НАТО интеграциите. Интересно е што правосудството е приоритет за само 1,3 % од граѓаните, додека образованието за 2,1% а животната средина само еден отсто од испитаниците.

Според граѓаните МНР, МВР, Образование и труд и социјална политика се петте министерства кои најдобро работат.

Обрато од нив, најлошо мислење граѓаните имаат за министерство за здравство со 18,2 отсто, а потоа следуваат Правда, МВР, економија и култура со процентен распон од 7,1 до 4,9 отсто.