Connect with us

Спорт

Македонските одбојкари изгубија од Летонија

Македонската одбојкарска репрезентација загуби од Летонија со 3:0, синоќа во СРЦ „Кале“ во 5.коло од Европската лига.

За Македонија ова беше четврти пораз и втор од Летонците во А-групата од Сребрената лига.

„Црвено-жолтите“ заслужија да освојат барем еден сет, а блиску да го направат тоа беа во првиот кој го загубија со 28:26 и во вториот кој заврши со 29:27 за гостите. Третиот Летонците го добија со убедливи 25:17.

И покрај слабиот биланс по пет натпревари, Македонија ќе игра на завршниот Ф4 турнир, бидејќи обезбедува директен пласман како домаќин.

Актуелно