Connect with us

Актуелно

Иванов: Борисов е премиер на земја која претседава со ЕУ, но не ја разбира главната цел

Премиерот Бојко Борисов ја презеде одговорноста за одбивањето да се сретне со мене, но тој не ја сфаќа главната цел на претседателствувањето со ЕУ. Ова денеска во Софија, по средбата со бугарскиот претседател, го изјави македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

По најавената средба на Иванов со бугарскиот премиер Бојко Борисов и министерката за надворешни работи Екатерина Захариева, бугарската влада денеска соопшти дека ги откажа средбите.

„Бојко Борисов е премиер на земја која претседателствува со ЕУ, и тој зборува за дијалог. Но, со овој гест тој учествува и не ја разбира главната цел на претседателствувањето”, рече Иванов.

Актуелно