Connect with us

Македонија

Десетмина приведени за фрлање предмети кон полицијата на вчерашниот протест

Приведени се дестемина учесници од синоќешните протести против промена на името на Република Македонија. Полицијата ги уапсила оние кои фрлаа со предмети кон полицијата и Собранието, а најголемиот дел од нив се криеја под фантомки.

Од МВР велат дека за време на собирот, во 20.30 часот, дел од масата, во која имало и група на лица кои биле маскирани со „фантомки“ кон Собранието и кон кордонот од полициски службеници почнале да фрлаат со шишиња, пиротехнички средства, шипки, конзерви и еден молотов коктел, кој не се запалил.

Протестот главно помина без поголеми инциденти освен што дел од демонстрантите во еден момент се нафрлија кон новинарските екипи со пцовки и навреди и не дозволуваа снимање на настанот.

Инаку официјален организатор на протестот нема, на социјалните мрежи навивачката група Комити креираше настан на кој повика народот да се спротивстваи на промена на името. Од говорниците имаше од оваа навивачка група но и од здружението Христијанско братство.

За вечерва е најавен нов протест во 20 часот исто така пред Собранието.

Актуелно