Connect with us

Македонија

Демократскиот сојуз го поддржува договорот на Македонија и Грција

Демократскиот сојуз преку соопштение вели дека оценуваат дека постигнатиот договор помеѓу владите на Република Македонија и Република Грција е храбар, одговорен и државнички чин, со кој се нормализираат односите помеѓу двете држави и се отвораат перспективи за развој на Македонија и балканските држави.

„Наш врвен, национален и стратешки интерес е деблокада на евроатланските процеси и полноправно членство во НАТО и Европската унија. Со овој договор се зацврстува македонскиот идентитет и еден од клучните елементи на нацијата – македонскиот јазик“, велат од ДС.

Партијата ја подржува јавната дебата низ која граѓаните, експертите, невладиниот сектор, политичките партии и медиумите, ќе ги соочат аргументите и на крај, на референдум, граѓаните ќе донесат одлука која сите ќе ја почитуваме.

„Обидот за блокада на процесот на ратификација на договорот и манипулација со чувствата на граѓаните, е поткопување на стабилноста на државата и поделба помеѓу македонците, со несогледливи последици по мирот и севкупниот развој на Република Македонија како демократска и унитарна држава“, додаваат од Демократскиот сојуз.

Актуелно