Connect with us

Спорт

Официјално отворено Светското фудбалско првенство во Русија

Со свечена церемонија на стадионот „Лужники“ во Москва попладнево офивијално беше отворено Светското фудбалско првенство, што ќе се игра во Русија.

Познатиот пејач Роби Вилијамс, кој беше централна фигура на церемонијата, ја загреа публиката со своите најпознати хитови, шри што друштво му правеше оперската пејачка од Татарстан, Аида Гарифулина

Пред почетокот на церемонијата, легендарниот шпански голман Икер Касиљас и го покажа на публиката легендарниот трофеј на Светското првенство.

Во 17 часот почнува и првиот натпревар помеѓу домаќинот Русија и Саудиска Арабија од Групата А.

Актуелно