Петти ден протести, Петровски побара блокада на сите влезови на Собранието

Вечерва повторно се протестираше пред Собранието против договорот кој премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас го постигнаа минатата недела, а вчера беше потпишан во грчкиот дел на Преспа.

Пред демонстрантите се обратија Филип Петровски од Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ, Солза Грчева, претседателка на „Глас за Македонија“ и Јанко Бачев, лидер на „Единствена Македонија“.

Тие побараа секојдневни протести додека власта не се откаже од договорот, со пораки дека Заев и министрите се предавници.

-Нашето име е Македонија, предавнику Заев. Предавнику Димитров, повлечи го договорот. Шекеринска, повлечи го договорот. Ајде да го блокираме Собранието. Нека влезат со хелихоптери на утрешната седница предавниците, рече Петровски.

Демонстрантите утрешниот протест ќе го почнат во 11 часот наутро, за кога е закажана седницата на која треба да почне расправата за догворот на Македонија и Грција.