Connect with us

Македонија

Пратениците „за“, демонстрантите „против“ – Седница и протести за договрот со Грција

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја започне седницата на која на дневен ред е Предлог-законот за ратификација на договорот за решавање на спорот за името, по скратена постапка. Очекувањата се дека ратификацијата на договорот во Собранието ќе се случи до крајот на неделата.

Пратениците на денешната седница ќе се изјаснат за потребата за донесување на законот за ратификација на договорот. Имајќи предвид дека законот е со европско знаменце и ќе се носи по скратена постапка, се очекува доколку денеска биде прифатена потребата за неговото носење веднаш да биде закажана седница на Комисијата за европски прашања. Комисијата ќе има два дена односно до среда на полноќ за разгледување на договорот. Откако ќе помине на Комисијата, Предлог-законот за ратификација на договорот повторно ќе се најде на пленарна седница за да биде финално ратификуван.

За изјаснување за потреба за донесување на законот за ратификација потребно е обично мнозинство, односно мнозинство од присутните пратеници. Минимален кворум за работата на законодавниот дом е 61 пратеник.

Додека пратениците ја изгласуваат потребата од ратификацијата на договорт, пред Законодавниот дом ќе се протестира против промена на Уставното име.

Демонстрантите беа вчера повикани од говорниците во 11 часот, кога и ќе почне седницата да дојдат и да протестираат пред пратениците.

Актуелно