Connect with us

Македонија

Транспорт и врски ќе распише тендер за субвенции на нискобуџетни авиокомпании

Министерството за транспорт и врски до крајот на јуни ќе распише тендерот за субвенционирање на нискобуџетните авиокомпании.

Министерот Горан Сугарески истакна дека субвенционирањето продолжува и додаде дека се залагаат што повеќе летови да бидат насочени кон аеродромот во Охрид.

– Ќе може да се пријават сите компании кои се заинтересирани што значи дека продолжуваме со субвенцирање на нискобуџетските компании со насочување кон Охридскиот аеродром, истакна Сугарески кој не сакаше да открие повеќе детали околу критериумите во тендерот.

Инаку, овој месец истекува договорот за субвенционирање потпишан со нискобуџетската авиокомпанија „Визер“.

Актуелно