Connect with us

Македонија

Мицкоски нема да оди на протести, ама ќе ги поддржува преку пратениците во Собрание

Опозицискиот лидер Хирстијан Мицкоски разговараше со претставници од демонстрантите кои пред партиското седиште побараа средба со него пред седиштето на партијата.

Мицкоски истакнал дека ги поддржува нивните протести, но партијата нема да се приклучи на улиците, туку ќе дејствува преку пратениците од Собранието.

Претседателот на Здружението „Семакедонски национален совет Македониум“ Страшо Олумчев, по средбата, за медиумите изјави дека по нивното барање за напуштање на пратениците од опозицијата на седниците во Собранието и да се приклучат на протестите, Мицкоски им кажал дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го напушти Собранието, но и дека нема да учествува во собраниските активности поврзани со договорот со Грција, бидејќи, како што рекол, би било подобро партијата да бдие внатре и да го спречи премиерот Зоран Заев во носење штетни одлуки.

Олумчев рече дека разговарале и за референдумот за кој Мицкоски во медиумите дал изјава дека ќе гласа против, а од Здружението му посочиле дека треба да се спречи тој референдум со образложение дека името на Македонија не е добиено на гласање туку тоа се пренесувало од дедовци и прадедовци со векови.

Претседателот на здружението Олумчев рече дека ќе продолжат со секојдневни протести се до исполнување на нивните барања меѓу кои е и заштита на името на Република Македонија и заштита на македонскиот идентитетсе.

Актуелно