Connect with us

Македонија

Груби: Денеска е најдобро време да донесме одлука која ќе ја бетонира државноста на Македонија

Пратеникот од ДУИ, Артан Груби пред пратениците рече дека денес се раѓа ново сонце на слободата, правичното сонце на еднаквоста и исполнување на сонот за евроатлантска Македонија.

– Животот не учи дека одлуките треба да ги донесеме навреме во вистинско време, а не доцна. Денеска е најдоброто време да ја донесеме најдобрата одлука која ќе ја бетонира државноста на Република Македонија и ќе ни овозможи иднина нам и на генерациите по нас. Ни носи датум за преговори за членство во ЕУ и покана за полнотравно членство во НАТО, рече Груби кој додаде дека некои ги нарекувале Скендер бег и Гоце Делчев предавници, но по педесеттина години историјата покажа дека тие биле херои. Вели, херојство е да обезбедиш сигурна иднина за своите деца и за нивните деца.

Тој им порача на пратениците дека пред нив денеска има три копчиња и оти секој треба да донесе одлука за иднината на нашите поколенија.

– Зеленото копче е за храбрите луѓе и за сите што ја сакаат Македонија како своја татковина, рече Груби и додаде дека Македонија денес ја доживува како своја држава и татковина.

Актуелно