Connect with us

Спорт

Роналдо: Целта е исполнета

Репрезентацијата на Португалија се пласира во осминафиналето на Светското фудбалско првенство и со тоа ја исполни првата цел.

Ѕвездата на португалскиот национален тим Кристијано Роналдо е задоволен од пласманот во елиминациската фаза.

-Целта е исполнета. Фокусирани на следните предизвици. Напред, Португалија.
напиша Роналдо на својот Фејсбук профил.

Португалците со пет бода го освоија второто место во групата Б. Во осминафиналето ќе играат против Уругвај.

Актуелно