Connect with us

Македонија

ЕУ се уште без одлука за старт на преговори, можно одложување до Самитот

Франција и Холандија продолжуваат да се противат за старт на преговори во овој момент со Македонија. Париз и Амстердам, во страв дека било каков почеток на преговори со нови земји кандидати би имало негативен ефект врз нивната домашна јавност, би сакале стартот на преговори со Скопје и Тирана да се одложи до после европските избори на пролет 2019, велат за МИА дипломатски извори во Советот на ЕУ.

Но, и Франција и Холандија се свесни дека по Договорот за името со Грција мора нешто да и се пружи на Македонија, особено со оглед на претстојниот референдум. Притоа, другите земји членки, и посебно Германија, инсистираат дека француско-холандската опција не е добра.

Министрите во овој момент одржуваат неформални дискусии во Луксембург, брифираат дипломатски извори.

Утрово состанокот започнал со прошриувањето, секоја земја го изложила својот став.

Пред почетокот на состанокот, неколку министри ги најавија своите стартни позиции. Холандскиот министер за надворешни работи, Стеф Блок, изјави дека за неговата е земја е важно да види доказ дека реформите се имплементираат на одржлив начин и дека за тоа е потребно време.

Германскиот министер за Европа, Мајкл Рот, порача дека се надева дека ќе успее да ги убеди Франција и Холандија да не блокираат старт на преговори со Македонија и Албанија. Додека пак луксембуршкиот министер за надворешни, Жан Аселборн изјави дека неотворање преговори со Македонија би била „политичка грешка“.

Темата длабоко ги поларизира земјите членки на оние кои се за и оние кои се против. Иако вторите се малубројни потребен е консензус за поечток на преговори. Не е исклучено да не се постигне договор денеска и темата да им биде препратена на шефовите на држави и влади на ЕУ во четврток, тие да ја донесат конечната одлука.

Повеќе опции се на маса за да се изнајде компромис со Франција, како на пример да се даде зелено светло за да започне набрзо процесот на скрининг, а датумот за преговори да биде определен подоцна.

Извор: Македонска Информативна Агенција

Актуелно