Connect with us

Спорт

Албанците веднаш собрале пари за да ги платат казните на Џака и Шаќири

По санкциите што ги изрече ФИФА на швајцарските фудбалери од албанско потекло, Гранит Џака и Џердан Шаќири и на капитенот на Лихтенштајн, албанската дијаспора одлучи да собере пари и да ја плати целата сума.

Како што соопштува швајцарскиот весник Blik, навивач од Њујорк, Рилинд Река, покренал на интернет кампања во САД и во целиот свет за да се соберат пари за плаќање на казните на гореспоменатите двајца.

Неговиот апел веднаш се проширил и парите се собрале.

Дури и министерот за трговија на Косово, Бајрам Хасани истакна дека ќе ја даде платата како придонес за плаќање на казната на ФИФА. Тоа го потврди за КланкосоваТВ.

– Не постојат пари за емоциите кои Џака и Шаќири ги подарија кога славеа со симболот на албанскиот двоглав орел.Тоа е само затоа што тие не ги заборавиле своите корени и од каде доаѓаат, изјави министерот.

Да ​​потсетиме, ФИФА изрече казни поради инцидентот на и по натпреварот на Србија и Швајцарија, што се одигра во рамките 2. коло во групата Е на Светското првенство во фудбал во Русија. После головите Шаќири и Џака ги провоцираа навивачите на Србија со симболот на албанскиот орел поради што се казнети по 10.000 швајцарски франци.

За разлика од нив, по изјавите насметка на ФИФА, и судијата Феликс Брих, Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, Славиша Кокеза, како и тренерот на Србија, Младен Крстајиќ беа казнети по 5 илјади франци, додека Сојузот за дискриминаторските пароли на трибините и фрлање предмети на теренот, ќе мора да плати 54.000 швајцарски франци на сметка на Светската фудбалска организација.

Најнови вести

Актуелно