Connect with us

Македонија

Заев: Ме боли секоја закана и секој извик „предавник“, се што имам е Македонија

Ме боли секоја закана и извик за предавник. Се што имам ми е во Македонија. Потекнувам од бизнис семејство, имам дома се што ми треба, не можат да ме купат со пари, вели премиерот Зоран Заев во емисијата Уреднички брифинг на 1ТВ.

Како што објаснува, имал разбирање од децата, сопругата и поширокото семејство кои го поддржуваат.

-Јас и семејството знаеме низ што поминавме. Не сакам и нема да зборувам затоа што народот треба да биде храбар. Ако ме боли, тоа е за мене. Но морам да носам правилни одлуки за државата – рече Заев.

Тој праша дали е патриот тој што има офшор сметки или тој, кој се што има му е во Македонија, каде што сака да останат неговите деца и внуци, но само во земја што има иднина.

Како што рече, можеби Македонија ќе ја бидне, можеби има иднина, но сигурно ќе не бидне и ќе има иднина ако стане членка на НАТО и на ЕУ затоа што така се случило и со другите земји.

Најнови вести

Актуелно