Connect with us

Спорт

Швајцарија во осминафинале, ќе се соочи со Шведска

Швајцарија ја исполни својата цел и се пласираше во осминафиналето на Светското првенство по ремито од 2:2 синоќа против Костарика.

Тимот на Владимир Петковиќ заврши на втората позиција во групата „Е“ на турнирот со 5 поени од три натпревари, два помалку од лидерот Бразил.

Костариканците пак запишаа прв бод на турнирот, со првите два гола од почетокот на турнирот.

Тимот од Централна Америка имаше одлични можности уште во првите 10 минути, но во 31-та Блерим Џемаили постигна гол за Швајцарија. Кендал Вастон израмни во 56-тата минута, но во 88-та, Јосип Дрмиќ постигна гол за водство на Швајцарците. Во дополнителното време на средбата, пенал на Костарика беше поништен по интервенција на ВАР, но потоа Џоел Кембел освои нов удар од 11-метри.

Брајан Руиз ја погоди гредата, но топката се одби од телото на Јан Зомер и влезе во мрежата зад него – 2:2.

Така Швајцарците се пласираа во осминафиналето на турнирот, каде ќе се соочат против победникот од групата „Ф“ – Шведска.

Актуелно