Connect with us

Македонија

Син си го проботел татко му со нож

Битолчанец на 50-годишна возраст вчера бил прободен со нож од неговиот осумнаесетгодишен син при семејна расправија.

Како што соопшти МВР, во 14:15 часот било пријавено дека во Битола на булеварот „1-ви Мај“ при семејна расправија К.Ѓ. со нож го прободел својот татко А.Ѓ. во пределот на грбот. А.Ѓ. бил пренесен во Клиничката болница во Битола, но поради сериозноста на повредите бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Битола, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Најнови вести

Актуелно