Connect with us

Македонија

Фирми за „брзи кредити“ со малверзации – Не ја примиле уплатата на време, па барале 13 илјади денари од граѓанин

Мали фирми за „брзи кредити“, или легализирани лихвари полека но сигурно станаа едни од најголемите огласувачи во медиумите. Примамливи за граѓаните, но со голема позадина за заработување на високи суми – Ден.мк истражуваше како работат фирмите за брзи кредити.

Граѓани измамени од дел од овие компании се јавија во нашата редакција да ги споделат своите искуства.

Еден од измамените граѓани во изјава за Ден вели дека ја уплатил сумата која ја должел, но од таму не ја регистрирале неговата уплата бидејќи била по 16 часот во петок, па затоа што ја примиле уплатата во понеделник наутро, одлучиле да му стават камата на долгот кој се створил во тие три дена. По три месеци, добил порака дека освен уплатената сума, должи уште 9.000 денари.

– Мислев дека е грешка и не се јавив да реагирам, но наредниот месец ми испратија нова порака во која наведоа дека должам 13.000 денари. Тогаш сфатив дека не е грешка, туку дека сакаат да ми земат уште цела една плата. Веднаш им пишав мејл во кој им појаснив дека доколку не си го средат проблемот ќе ги тужам, раскажува еден од граѓаните.

По долги преписки и телефонски повици од страна на фирма за брз кредит, му било кажано дека е нивна грешката, но сепак, за да се затвори кредитот и да не добива повеќе пораки, тој требало да исплати уште 350 денари на сметка на фирмата за оние три дена во кои не била добиена неговата уплата, бидејќи било викенд.

– Иако не требаше да ги платам ниту тие 350 денари, јас уплатив на нивната сметка со цел да запрат со нивните пораки дека сум должник. По уплатата на сумата, повторно добив порака во која ме известија за долг од 16 илјади денари, на што повторно реагирав до вработените од фирмата. Извинување не добив, единствено ми вратија дека повторно сум задоцнил со уплатата, а по реакцијата дека од наредниот ден ќе разговараат со мојот адвокат, тие ми вратија на мејл спротивно од дотогашното тврдење, дека уплатата е примена и дека кредитот е затворен, раскажува граѓанинот за Ден.

Тој вели дека испратил дури и уплатници како доказ, но првиот за малку ќе било залудно, бидејќи биле одлучни да му ги земат парите додека не споменал тужба. Прашува, што ако граѓаните се недоволно информирани и не се толку упорни и истрајни колку него, дали ќе ги уплатат парите без да се побунат, или доколку ги немаат парите, што би било пологично бидејќи земале брз кредит, ќе стигнат до извршител со многу поголеми суми за исплаќање.

Следува втор дел…

М.С.

Најнови вести

Актуелно