Connect with us

Македонија

Столтенберг: Утре покана за Македонија, а членство по имплементација на Договорот

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска на прес конференцијата во Брисел пред почетокот на Самитот на НАТО, изјави дека  е постигната согласност Скопје да добие покана да започне преговори за зачленување во НАТО, а ќе се приклучи на Алијансата под новото име Република Северна Македонија кога ќе биде имплементиран Договорот.

-По минатомесечниот историски договор за прашањето за името, се согласивме да го поканиме Скопје да започне преговори за пристапување. Тогаш кога Договорот ќе биде финализиран и имплементиран ќе бидеме во можност да ја поканиме ПЈРМ да стане 30 членка на НАТО под новото име Реублика Северна Македонија, рече Столтенберг.

Актуелно