Connect with us

Македонија

Клучен сведок денеска ќе дава исказ за убиството на Саздовски

Клучен сведок, кој бил присутен во моментот кога бил нападнат Никола Саздовски (21) кој вчера почина на КАРИЛ се очекува денес да даде исказ во Основното јавно обвинителство-Скопје.  Од Обвинителство велат дека по тој исказ, но и по резултатите што ќе ги добијат од обдукцијата, најверојатно ќе отворат истрага со поинаква правна квалификација на кривичното дело, пишува порталот мкд.мк.

Саздовски беше крвнички беше претепан на 29 јуни во скопската населба Автокоманда. По десетина дена поминати во кома на КАРИЛ, вчера рано наутро им подлегна на повредите.

Инаку, денеска е погребот на младиот Саздовски. Комитите со колони возила и знамиња застана пред Собранието и озапалија свеќи за Никола. На групата им се приклучија и случајни минувачи, како и граѓаните што со денови ја блокираат улицата пред Собранието во знак на протест против промената на името. Тие во рацете држеа фотографии од починатото момче.

Најнови вести

Актуелно