Connect with us

Македонија

Заев изрази сочувство до семејството Саздовски

Премиерот Зоран Заев денеска упати апел за воздржување од говор на омраза и разгорување нетрпеливост по смртта на дваесет и едногодишниот Никола Саздовски, кој на 29 минатиот месец физички беше нападнот од три машки лица на автобуската постојка на бул. „Александар Македонски“ во Скопје.

– Омразата и насилството не и прилегаат на Македонија и одат на директна штета на нашата иднина и на нашата младина. Апелирам сите да се воздржиме од говор на омраза и од разгорување нетрпеливост.  Само така, ќе им дадеме можност на институциите да си ја завршат својата работа, за што се платени од граѓаните, наведе Заев на својот фејсбук профил.

Правдата и толеранцијата во општеството се наши заеднички цели, да се вложиме целосно и одговорно за да ги достигнеме, порачува Заев, изразувајќи сочувство до семејството на младиот Саздовски.

Омразата и насилството не и прилегаат на Македонија и одат на директна штета на нашата иднина и на нашата младина….

Gepostet von Zoran Zaev am Dienstag, 10. Juli 2018

Најнови вести

Актуелно