Connect with us

Свет

Туск до Трамп: ЕУ и САД се најдобри пријатели, кој го зборува обратното шири лажни вести

Фото: Reuters

Доналд Туск преку социјалната мрежа Твитер му одговори на претседателот на САД, Доналд Трамп дека САД и ЕУ се најдобри пријатели откако Трамп изјави дека Европската унија е непријател на САД во трговската сфера.

– Америка и ЕУ се најдобри пријатели. Тој што вели дека сме непријатели шири лажни вести, пишува првиот човек на човек на Европскиот совет на Твитер.

Трамп ја критикуваше Европската унија за мигрантски политики и трговските односи со САД, а го поддржа и излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

– Мислам дека Европската унија е непријател, она што ни го прави во трговијата. Вие не би помислиле на Европската унија, но таа е непријател, изјави Трамп кој додаде дека Русија е непријател во одредени области.

Фото: Reuters

Актуелно