Connect with us

Свет

Трамп: Малку е и да ми ја дадат Москва како замена за злото на Русија во изминатите години

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека со нетрпение го чека состанокот со претседстелот на Русија Владимир Путин, иако е свесен дека каков и да биде резултатот тој нема да ги задоволи противниците.
– Тргнувам за Хелсинки. Со нетрпение го очекувам состанокот со претседателот Путин. За жал, што и да направам на самитот, дури и да ми го предадат градот Москва како замена за сите гревови и зло кое Русија го направила во изминатите години , кога ќе се вратам ќе бидам дочекан со критика и дека тоа е недоволно и дека би требало да го добијам уште и Санкт Петербург, пишува Трамп на твитер.

Актуелно