ВИДЕО: Трамп и Путин на средба во Хелсинки

Со хелихоптерско надлетување над Хелсинки и протести по улиците се очекува во секој момент да започне средбата на претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин.

Средбата Трамп – Путин ќе се одржи во финската Претседателска палата, зграда од 19 век, со поглед на Балтичко Море, која некогаш била резиденција на руските императори во Финска.

Како домаќин на состанокот, финскиот претседател Саули Нинисте ќе има билатерални средби со двајцата гости. Пред самитот, тој официјално ќе ги поздрави Путин и Трамп.