Connect with us

Македонија

ВИДЕО: Протестен марш на Комити, се бара правда за Саздо

Со извици „Македонија“, „Правда за Саздо“ и слика од починатиот Никола Саздовски, Комити го почнаа протестниот марш за нивниот 21-годишен член, кој почина откако беше претепан од страна на три лица во Автокоманда.

Од плоштадот во Автокоманда, учесниците на маршот се упатија кон Основното јавно обвинителство каде ќе читаат соопштение до јавноста, а маршот ќе заврши пред Министерството за внатрешни работи.

Двајца од сторителите се во притвор, а третиот и е познат на полицијата но се’ уште се трага по него.

Предметот е во Обвинителство и по собраните докази и изјави на сведоци, се очекува преквалификација на делото.

Фото и видео: 1тв

Актуелно