Connect with us

Видео

(ВИДЕО) Заев-Хан: Последната делница до членството во Европската Унија е јасно одбележана

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска го прими во официјална посета еврокомесарот за соседска политика и проширување на ЕУ Јоханес Хан, кој со оваа посета ја реализираше неговата најава веднаш после одлуката на Европскиот Совет, дека на 17 јули ќе дојде во Скопје за да го означи стартот на скрининг процесот за нашата земја пред отворањето на поглавјата за преговори со ЕУ кое е закажано за јуни 2019 година.

Еврoкомесарот Хан, денеска, веднаш по тет-а-тет средбата со Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, присуствуваше на седницата на владата, на која е усвоена информацијата за концептот и структурата на преговори за пристапување на Република Македонија во Европската Унија, и на која се назначени д-р Бујар Османи, заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, за главен политички преговарач и шеф на Делегацијата за преговори со Европската Унија, и м-р Бојан Маричиќ за заменик на главниот политички преговарач, и за главен технички преговарач и шеф на техничкиот преговарачки тим.

Веднаш после седницата на Владата на РМ, Премиерот Зоран Заев и еврокомесарот Јоханес Хан одржаа заедничка прес конференција.

На конференцијата за новинарите, Претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев, истакна дека Република Македонија овие денови има причини да слави и со тие причини да се впушти во работа – во исполнување на последните задачи чија успешна реализација, догодина ова време, ќе овозможи да се отворат првите поглавја од последната фаза од преговорите за членство во Европската Унија.

Премиерот Заев во своето излагање пред медиумите потсети на најзначајните успеси направени во изминатата година и истакна дека врз основа на силната политичка волја и посветеност, беа спроведени итните реформски приоритети, врз основа на кои земјата, во април 2018 година, ја доби безусловна препорака за почеток на преговорите за членство во ЕУ, а двата големи успеси на полето на добрососедските односи – Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија, и Договорот за македонско-грчкиот спор за името и за градење на стратешко партнерство меѓу двете држави го отворија патот за почеток на преговорите со ЕУ во јуни 2019 година, како што заклучи Европскиот совет на 28 јуни 2018.

„Како што најавивме, денес, со еврокомесарот Хан ги дефиниравме следните чекори на скрининг и подготовка на преговорите кои треба да започнат во јуни 2019 година. Утврдивме заедничка динамика на чекорите во наредните месеци и започнавме со осмислување и поставување на структурата за скрининг и за преговори со ЕУ, и од наша страна, и од страна на Европската комисија“, истакна премиерот Заев на заедничката прес конференција со еврокомесарот Хан.

Тој информираше дека на утринската тематска владина седница, комесарот Хан го претстави начелниот план за текот на скринингот што ќе го спроведува Европската Комисија, на која, владиниот преговарачки тим кој денеска беше назначен, ќе ѝ го претстави предлог концептот за преговарачка структура и со соодветни предлог-одлуки до крајот на месец јули 2018 година.

„Преговорите за членство со ЕУ се историска задача за институциите, но и за целото општество. Затоа испраќаме порака дека овој врвен државен приоритет ќе го предводи Владата, но во него ќе учествуваат и Собранието, судството, опозицијата, граѓанското општество, бизнис заедницата, медиумите и буквално сечиј придонес е битен. Последната делница од патот до членството во Европската Унија денеска е јасно одбележана! Македонија оди напред!“, нагласи премиерот Заев на денешната заедничка прес конференција со еврокомесарот Хан, веднаш после владината седница на која е усвоена информацијата за концептот и структурата на преговори за пристапување на Република Македонија и тимот за преговори со Европската Унија.

Евркокомесарот Јоханес Хан на прес конференцијата истакна дека сега вратата на Европската унија е ширум отворена и ги повика граѓаните да учествуваат на претстојниот референдум, особено младите, а сите политички партии да се постават над партиските интереси за евроатланските перспективи на земјата.

Актуелно