ВИДЕО: Кирил Џајковски најмногу заработил од „Пивофест 2018“

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски на прес конференција објави колку општината потрошила на изведувачи за овогодинешниот Пивофест.

Според него, општината издвоила пари за 10 изведувачи, а најмногу пари земал Кирил Џајковски, односно 891.222 денари.

Во прилог, сите изведувачи кои ги платила општината:

-Дани Димитровска – 171.000 денари
-Кирил Џајковски – 891.222 денари
-Тони Зен – 171.389 денари
-Црвена јабука – 411.333 денари
-Некст Тајм – 171.389 денари
-Гоце Бошкоски Чоки – 34.278 денари
-Либеро бенд – 102.833 денари
-Дарио – 233.459 денари
-Александра Јанева – 46.692 денари
-Бени и Нон Стоп – 184.500 денари

Во сумите, како што рече Јованоски, исплатен е и персоналниот данок на изведувачите.

За останатите изведувачи, кои не се платени од општинската каса, сумите кои ги заработиле не јавно објавени.