Connect with us

Македонија

Петровски до Мицкоски: Напушти го Парламентот, после владеј ти, нема да ти пречам

Филип Петровски кој е еден од најгласните внатрешни противници на новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ му испрати порака на партискиот лидер Христијан Мицкоски заедно да ја соборат власта, а потоа ќе се тргне и ќе му даде поддршка да стане премиер.

„Мицко, напушти го Парламентот. Нека прави Заев што сака. Се ќе му поништиме. Од корен. Ќе собереме 200.000 надвор и ќе има ново народно Собрание. После владеј ти. Помогни да ја спасиме Македонија и ти ветувам дека нема да ти пречам. Ние ќе те поставиме. Не ти треба Бејли“, напиша Петровски на Фејсбук.

Актуелно