ГАЛЕРИЈА: Бекамови за „одморот“ во Црна Гора заработиле милиони

Славниот пар Викторија и Дејвид Бекам со своите деца веќе пет дена престојуваат во Црна Гора, но сепак, како што пишува српски „Блиц“, тие не се на одмор.

Според „Блиц“, Црна Гора пред четири години преговарала со Бекамови да ги промовираат убавините на оваа земја, а за нивното доаѓање е одвоена огромна сума на пари. Цифрата за која Бекамови пресотјуваат во Црна Гора е милионска, но никој официјално не кажува за колку пари станува збор.

За Дејвид и Викторија сепак ова е работно лето, но многумина им завидуваат на луксузот во кој уживаат.