Connect with us

Свет

Директорот на ФБИ смета дека Русија преку лажни вести поттикнува раздор во САД

Дирекоторот на ФБИ, Кристофер Реј смета дека Русија продолжува да поттикнува раздор во САД преку ширење лажни вести, пропаганда и тајни операции.

Реј изјави дека Русија се мешала во американските претседателски избори во 2016 година, велејќи дека тоа е заеднички став на „разузнавачката заедница“ на САД.

Претседателот Доналд Трамп, по самит со рускиот претседател Владимир Путин во Хелсинки, изјави дека „не гледа причина зошто Русија би се мешала во изборите“, но потоа ја корегираше изјавата, велејќи дека сакал да каже дека „не гледа причина зошто Русија не би се мешала“.

Директорот на ФБИ изјави дека Русија не е единствената земја која претставува закана за САД, и како најголема закана ја посочи Кина, која е на пат да има најголема економија во светот и масовно шпионира американски компании за да дојде до вредни деловни тајни.

ФБИ е во центарот на политичката контроверза во САД, откако Трамп обвини неколку високи офицери во службата дека поради политичка пристрасност ги саботирале истрагите против Хилари Клинтон, а отпочнувале истраги против неговата кампања, користејќи ги обвинувањата за негови врски со Русија како изговор да ги шпионираат соработниците на Трамп.

Актуелно